[ФОТО] Шокантно откритие во Русија: Пронајден е редок дијамант, има непроценлива вредност

Точка

14/10/2025

15:36

639

Големина на фонт

а а а

Редок, висококвалитетен дијамант од 340 карати е ископан во наоѓалиштето В. Гриб во регионот Архангелск во Русија, изјави регионалниот гувернер Александар Цибуљски, пишува „Интерфакс“.

Тој во објава на својот телеграм-канал наведе дека станува збор за еден од петте најголеми дијаманти пронајдени во Русија.

„Уникатно откритие на локацијата Владимир Гриб – дијамант од 340 карати! Ова е рекорд за целата историја на индустрискиот развој на локацијата каде што работи „АГД дајмондс“ и е еден од петте најголеми дијаманти ископани во современа Русија“, рекол Цибуљски во објавата.

Според зборовите на Цибуљски, дијамантот не е само импресивен по големина, туку и по квалитет и е од висока вредност на пазарот.

„Ваквите кристали сочинуваат 2 отсто од сите природни дијаманти“, рекол.