Точка подарува книга: „32 март“ – роман за животот, убавината и силата на љубовта

Точка

13/10/2025

19:31

255

Големина на фонт

а а а

Точка им подготви изненадување на своите читатели – можност да ја добијат на подарок возбудливата книга „32 март“ од шпанскиот автор Хавиер Боск, дело што ќе ве поведе низ мистеријата на минатото и силата на човечките чувства.

Сите детали за подарувањето може да ги најдете на нашиот Инстаграм профил.


По едно длабоко и болно животно искуство, Барбара решава да побегне во Париз, барајќи мир и засолниште кај својата баба Марта, со која ја поврзува посебна блискост. Но, еден студен зимски ден во 2008 година, кога снегот целосно ја прекрива земјата, таа наоѓа непознат млад човек заспан на нејзиниот црвен кауч.


Тој е таинствен фотограф кој никогаш не фотографира луѓе – сè до моментот кога ќе ја запознае Барбара. Заедно ќе тргнат во неочекувана потрага по вистината и ќе ги откријат тајните на мами Марго, жена што ја преживеала окупацијата на Париз во Втората светска војна.

„32 март“ е роман што зборува за борбата меѓу животот и убавината, за пропагандата како оружје за заведување, за музиката како инструмент на спасение, и за љубовта како сила што може да го промени сè.

Тоа е приказна за оној невозможен ден – денот што не постои во календарот, но што понекогаш ни го подарува животот токму кога најмалку очекуваме.

Ако сакате токму вие да ја имате оваа книга, посетете го нашиот Инстаграм профил и дознајте како да учествувате во подарувањето.

Автор: Ц.Н.