Нагелсман ги посочи виновниците за лошиот старт на Вирц во Ливерпул

Дерби

13/10/2025

11:58

408

Големина на фонт

а а а

Флоријан Вирц ја промени средината во летниот преоден рок и Баер Леверкузен го замени со Ливерпул, клуб во кој засега се мачи на остави печат, впечаток како што очекувааа навивачите и фудбалската јавност.

Германецот нема ниту асистенција, ниту гол за „црвените“ во досегашниот тек на кампањата, има критики на негова адреса, но и сеир со оглед на времето во кое живееме, па дел од навивачите му го дадоа навредливиот прекар „007“.

И додека се чека Вирц да проработи на вистински начин, германскиот селектор Јулијан Нагелсман застана во негова одбрана и прстот го впери кон неговите соиграчи кои не ги реализираат шансите.

- Иако нема постигнато ниту еден гол, тој е сè уште играчот кој создава најмногу шанси во Премиер лигата. Не е негова вина ако неговите соиграчи не ги претворат во гол, а статистиката дури и не ја раскажува целата приказна. Не му било секогаш лесно – сега ќе мора да работи напорно и напорно.

- Вирц треба да се навикне на лигата. Го видов како игра со целосна слобода. Тој знае што е способен и како функционираат работите, - порача Нагелсман.

На почетокот на октомври, Вирц и Џек Грилиш беа на врвот по бројот на создадени шанси од играч од Премиер лигата (21), но во сите натпреварувања.

Гледајќи исклучиво во Премиер лигата, Вирц досега има создадено 11 шанси, рангирајќи го на 17-то место, далеку од оној кој е на врвот-Бруно Фернандеш (19).