Уште една необична ситуација во Шпанија: Поништен гол постигнат со последниот судиски свиреж

Дерби

13/10/2025

11:57

221

Големина на фонт

а а а

Шпанија е земја во која судиите често знаат да се најде во центарот на вниманието, а токму така беше и на дуелот меѓу Спортинг Хихон и Расинг Сантандер кој вчера се одигра во втората лига.

Домаќините славеа со 2-1, но во самата завршница, последните мигови имаше еден потег на судијата Мануел Хесус Орелјана Сид. Гостите напаѓаа со сите сили за да дојдат до реми, дури и голманот се најде во противничкиот шестнаесетник, а откако домаќините ја исфрлија топката Орелјана се одлучи да свири крај, скоро во исто време кога Марио Гарсија шутираше од далечина и го матираше голманот на Сантандер.

Ова ги изнервира гостинските фудбалери кои тргнаа да протестираа, бараат објаснување, а арбитарот ги реши протестите со картони.