Серхио Рамос направи кратко интервју за „Ел Чирингито“ во кое говореше за својата иднина во Мексико, но покрај тоа што откри дека сака да остане во Монтереј уште една сезона, легендарниот капитен на Реал Мадрид не можеше да остане без коментар за тоа што следи.
После европските обврски кои ќе ги имаат денес и утре, Реал Мадрид и Барселона ќе се подготвуваат за големото „Ел Класико“ дерби, а Рамос вели дека ќе има и една специјална мисија до стартот на мечот кој е закажан во недела.
– Сите знаете дека сум мадридиста до смрт и очекуваме победа на Реал Мадрид. Исто така, планот ми е да мотивирам еден фудбалер во наредните неколку дена.
– Мојот брат Кики (Мбапе) треба да има добар натпревар и ќе го мотивирам добро во наредните денови. Имаме комуникација и често разговарам со него.
– Од стартот на сезоната игра во неверојатна форма и очекувам да има добар натпревар на „Ел Класико“, очекувам трите бода да останат на „Бернабеу“, – изјави Рамос.