Руни ја призна грешката: Еден играч на Јунајтед ми покажа дека не сум во право

Дерби

21/10/2025

10:53

312

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед за првпат во ерата на Рубен Аморим прослави втора победа во низа во Премиер лигата, но Португалецот не можеше да избере подобро место за да оствари прв таков подвиг во англиската елита.

Јунајтед славеше на тешкото гостување на „Енфилд Роуд“ после десет години и победи со 1:2, па иако цел тим изгледаше добро и дисциплинирано во најголем дел од мечот, легендарниот Вејн Руни посебно го издвои стрелецот на првиот гол.

Брајан Мбеумо од стартот на сезоната е најконстантен играч на Јунајтед во стартните 11, па Руни кој во текот на летото имаше и лоши проценки за засилувањето од Брентфорд, сега признава дека имал погрешна прогноза за Камерунецот.

– За мене, Брајан Мбеумо е играчот кој најмногу отскокнува од стартот на сезоната, но се досега не добиваше награда за напорната работа и за жртвите кои ги правеше за тимот.

– Многу сум среќен за неговиот гол против Ливерпул, тоа беше гол на вистински напаѓач. Ќе бидам искрен, бев скептичен кога Јунајтед го купи за толку пари, не знаев дали поседува квалитети да го носи дресот на Манчестер Јунајтед, но со своите изданија покажува дека сум грешел. Тој се покажува како извонредно засилување и во моментов е убедливо најдобар играч на Јунајтед од стартот на сезоната, – потенцира Руни.