Зидан го најави следниот чекор во кариерата: Дефинитивно ќе се вратам…

Дерби

13/10/2025

11:54

347

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан веќе некое време е тивок кога се во прашање тренерските ангажмани, кариера која ја започна во вториот тим на Реал Мадрид по што имаше два одлични мандати на клупата на првата екипа за да од 2021 година исчезне од фудбалската мапа.

Неговото име беше поврзувано со повеќе клубови, репрезентации, но колку од тоа е вистина доволно говори фактот дека четири години е едноставно во „аут“, па сосема легитимно е прашањето дали тој ќе продолжи да биде тренер.

Одговорот го даде токму Зизу кој откри дека планира да се врати и сака да биде селектор.

- Дефинитивно ќе се вратам. Јувентус како опција? Не знам. Тоа не се случи во минатото, направив други избори. Јуве секогаш ми е блиску до срцето, ми дадоа толку многу кога првпат стигнав таму.

- Што се однесува до иднината, не знам. Чувствувам дека сакам да можам да ја тренирам репрезентацијата во иднина, иако не мислам токму сега. Би сакал еден ден, но ќе видиме, - истакна Зидан кој сака да ја предводи француската селекција.