[ФОТО] Некогаш најпознатата туристичка дестинација тотално ги разочара туристите: Бара толеранција за „хаос“

Точка

13/10/2025

08:48

1.060

Големина на фонт

а а а

Египет, земјата која со децении била синоним за магија и древна цивилизација, Нил, пирамидите и топлото Црвено море, последниве месеци сѐ почесто се наоѓа под лупата на незадоволните туристи.

Иако бројот на посетители и натаму расте, дури сега е и над нивото пред пандемијата, сѐ поголем број од патниците наведуваат дека нивното искуство во Египет било под очекувањата.

Причините се бројни: од лоша организација и агресивни продавачи, до нарушено чувство на безбедност...


Безбедност

Еден од клучните фактори кои влијаат на падот на задоволството на туристите е перцепцијата на безбедност. Според извештаите на порталот „OzArab Media“ исполнетоста на хотелите на Црвеното море се намалила за околу 80 отсто поради воените тензии во регионот, особено по конфликтот во појасот Газа.

Дополнително, трагичниот инцидент во март 2025 година, кога потонала туристичка подморница кај крајбрежјето на Хургада и загинале повеќе лица, дополнително ја нарушило довербата во стандардите на безбедност и надзорот во туристичката индустрија.

Однос кон туристите

Друг проблем којшто сѐ повеќе зазема место во јавноста, се однесува на односот кон туристите. На социјалната мрежа ТикТок многу од посетителите предупредуваат на „туристички замки“.


Тоа се ситуации во кои локалните продавачи и водичи нудат услуги по една цена, а потоа бараат дополнителни пари по користење на услугата.

Порталот „Egyptian Streets“ тоа го опишува како „ТикТок проблем“ на египетскиот туризам затоа што виралните видеа од разочараните посетители се шират многу брзо.

За многу од западните и европските туристи тоа создава чувство на несигурност и непријатност дури и кога историските атракции како пирамидите во Гиза и натаму се фасцинантни.

Инфраструктура

Покрај тоа, доаѓа и прашањето на квалитетот на инфраструктурата и вкупното доживување. Патиштата, јавните простори и хигиенските стандарди во одредени туристички зони не ги следат секогаш ветувањата на луксузот којшто се промовира.

На популарните форуми и туристички групи, често се коментира: „Египет е прекрасен, но исцрпува“.


Важно е да се спомене дека египетскиот туризам не опаѓа, напротив. Според податоците, бројот на меѓународни посети во Египет се зголемил за 12 отсто во однос на 2023 година. Тоа покажува моќно закрепнување по глобалната пандемија.

Владата вложува во модернизација на аеродромите, нови луксузни хотели и развој на културниот туризам низ отворање на Голем египетски музеј во Гиза.