Чаби Алонсо со победа ја започна приказната како тренер на Челси, победа над Фулам кој го предводи неговиот сонародник Алваро Арбелоа.
„Сините“ како гости славеа на „Креjвeн Котиџ“ со 3-2 и со тоа најавија далеку подобра сезона од минатата во која останаа и без пласман во Европа. Меѓутоа овој тим предводен од Алонсо е сосема поинаков од оној од натпреварувачката 2026/2027, состав кој допрва треба да расте, напредува и го покаже најдоброто.
Челси веќе дојде до предност уште во првата минута преку Жоао Педро. Фулам се врати од почетниот шок и дојде до изедначување со погодокот на Кинг во 23 минута. Сепак фаворитот до крајот на полувреме дојде до нов гол и предност од 2-1 благодарение на летното засилување Роџерс.
По паузата видовме како по еднаш се тресе мреата на двата лондонски ривали, стрелаа Палмер и Гарсија.







