Елмас го комплетираше „мозаикот“: Аталанта е Југославија во мало

Дерби

25/08/2026

07:59

145

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас конечно го реши својот клупски статус и тоа одново со ангажман во Италија, овојпат како позајмен играч во редовите на Аталанта.

По Наполи и Торино, популарната „Ла Деа“ е трет клуб за нашиот офанзивец на Апенините, клуб во кој е надеваме ќе добие соодветна минутажа, можност вистински да покаже што знае и умее.

Во Аталанта го очекува големо друштво од овие простори и тоа може да му биде од значајна помош. Во тимот од Бергамо има фудбалери од Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговија, па ангажманот на Елмас значи Југославија во мало, вистинско „братство единство“.