[ВИДЕО] Јакимовски: Мицкоски сака да им продаде мачка во вреќа на карпошани

Макфакс

09/10/2025

17:09

210

Големина на фонт

а а а

Во последните денови сме сведоци на уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ, да им продаде на граѓаните на Карпош, мачка во вреќа, вели актуелниот градоначалник и кандидат за претстојните локални избори Стевчо Јакимовски.

„Наместо вистински соочувања и дебати со граѓаните, нивниот кандидат добил строга забрана да зборува. Не смее да се појави на трибини, не смее да одговара на прашања, не смее да зборува без дозвола.

Наместо идеи – снима клипчиња со проекти кои јас одамна ги имам реализирано. Наместо визија – повторување на туѓи ветувања.

Ова не е фер кон граѓаните на Карпош, кои заслужуваат чесна, отворена и аргументирана кампања.

Карпош не е публика за туѓи сценарија и празни ветувања. Граѓаните сакаат луѓе што знаат што направиле, кога направиле и за кого работат. Јас не ветувам, јас покажувам. Сè што сум кажал – сум реализирал“, вели Јакимовски.

Сппред него, другите треба да објаснат зошто кријат, кого претставуваат, и зошто се плашат од граѓаните.

Како што истакнува, Карпош не заслужува експерименти и неуспешни приправници во политика.

„Карпош заслужува луѓе со резултати, искуство и почит кон граѓаните.