[ФОТО/ВИДЕО] Кој живее на улицата на милијардерите и колку чинат куќите? Сосед ви е Трамп, а подземните тунели водат директно до плажата

Точка

09/10/2025

16:00

848

Големина на фонт

а а а

Улицата на милијардерите се наоѓа на Флорида покрај Атлантскиот океан, а во своите палати живеат некои од најбогатите луѓе на светот.

Колку би биле подготвени да платите за вила во Палм Бич која се протега на 1.390 метри квадратни, а сместена е на земјиште три пати поголемо од самата куќа?

Резиденцијата се наоѓа покрај океан и поседува дури и подземен тунел којшто води директно до плажата.

Недвижнината вклучува осум спални соби, 15 бањи, вински подрум, играчница, теретана, безбедносна соба со блиндирани врати, гаража за четири автомобили, базен, спа-центар, просторен двор, летна кујна на отворено и многу други предности.

Оваа вила неодамна се појавила на пазарот, а цената изнесува 85 милиони долари. Огромната бројка не е изненадување со оглед на тоа што се наоѓа на популарната улица на милијардерите.


Таа е дел од Булеварот Јужен океан којшто се протега покрај Атлантскиот океан. Овој елитен појас опфаќа архитектонски препознатливи резиденции со уредени дворови во кои живеат најбогатите луѓе на светот.

Во улицата на милијардерите се наоѓа Мар-а-Лаго, одморалиштето на американскиот претседател Доналд Трамп.

Ресортот има 126 соби и се протега на 17 хектари, а неговата вредност денес се проценува на 350 милиони долари.

Таму дом имаат и третата најбогата жена на светот Џулија Кох, како и Стивен Шварцмен, директор на компанијата „Blackstone Inc.“.


Тука не купувате само луксузна недвижнина, купувате и пристап кон затворена заедница, можност да ги запознаете најбогатите луѓе на светот, но и исклучително висока безбедност.

Улицата на милијардерите има сопствена полициска и противпожарна станица, како и крајбрежна стража која редовно патролира.