[ВИДЕО] Стефковски: Реконструкција на улицата „Палмиро Тољати“, инвестиција вредна 37 милиони денари за подобра патна инфраструктура во Гази Баба

Макфакс

09/10/2025

12:52

101

Големина на фонт

а а а

Бобан Стефковски, актуелен градоначалник на општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес заедно со потпретседателот на Владата, Александар Николоски извршија увид во населеното место Ченто, каде во тек е реконструкција на улицата „Палмиро Тољати“, една од поважните сообраќајници во општина Гази Баба.

„Проектот опфаќа комплетна реконструкција на главната улица и на сите нејзини краци, во вкупна должина од 2,5 км, вкупната инвестиција на овој проект е 37 милиони денари, средства обезбедени од Владата на Македонија преку Министерството за транспорт“, истакна Стефковски.

Стефковски истакна дека во Хиподром се одвива реконструкција на улицата Париска Комуна, проект поддржан од Владата преку вториот повик за општински инфраструктурни инвестиции и најави реконструкција на повеќе главни сообраќајни артерии во Гази Баба, со цел да се подобри патната инфраструктура.

„Ова е само еден од низата капитални инфраструктурни проекти коишто се реализираат со поддршка на Владата. Интензивно се гради улицата Париска Комуна, улицата Јордан Поп Јорданов во Маџари, а наскоро од денес започнуваме со градежни активности и реконструкција повеќе главни сообраќајни артерии во Гази Баба“, заклучи Стефковски.