Подаруваме книга: Совршено четиво за љубителите на мистерии и силни женски ликови

Точка

08/10/2025

15:53

220

Големина на фонт

а а а

Во соработка со Матица, подаруваме примерок од новиот трилер на светски познатата авторка Тес Геритсен – „Слушни ме“, тринаесеттото продолжение од легендарниот серијал за детективката Џејн Рицоли.

Во овој возбудлив роман, бостонската детективка Џејн Рицоли и форензичкиот патолог Мора Ајлс се соочуваат со нов, на прв поглед, случаен случај на убиство.

Софија Суарез – вдовица, медицинска сестра и омилена соседка – е претепана до смрт во својот дом. Но под мирната површина на нејзиниот живот се крие мрежа од тајни кои ќе ги потресат сите околу неа.


Џејн наскоро открива врска меѓу Софија и неодамнешна жртва на сообраќајна несреќа, додека нејзината мајка Анџела не може да остане настрана од мистеријата што ја потресува нивната улица. Исчезнувањето на тинејџерка од соседството и доаѓањето на ново, чудно семејство ќе го разбудат сомнежот дека ништо не е случајно – и дека зад мирното предградие се крие опасен предатор.

Со препознатливата комбинација на медицинска прецизност, динамична истрага и силни женски ликови, Тес Геритсен повторно испорачува трилер што се чита во еден здив.

Како до книгата?

Посети го нашиот Инстаграм профил и дознај како можеш да го освоиш примерокот од „Слушни ме“.


Автор: Ц.Н.