Кандидатката за градоначалник на општина Бутел, Оливера Ливриниќ со најава на својот тим на советници за современа, чиста и фер општина. Тимот, составен од стручни, чесни и енергични личности, ја отсликува посветеноста кон вредностите на одржлив развој, социјална еднаквост и транспарентно управување, нагласува.
„Се кандидирав за градоначалник затоа што верувам дека нашата општина може да биде пример за одржлив развој, модерни услуги и отчетна локална власт. Нашата визија е општина во која секој граѓанин ќе има еднаков пристап до јавните услуги, чиста и безбедна средина и повеќе можности за економски напредок“, изјави Ливриниќ.
Ги претстави клучните приоритети на програмата:
Подобрување на инфраструктурата и локалните услуги;
Поддршка за младите, семејствата и локалните бизниси;
Грижа за чиста животна средина и нови зелени површини;
Зголемена транспарентност и отчетност на општинската власт.
„Мојот тим е доказ дека политиката може да биде чесна, отворена и насочена кон луѓето. Ќе работиме со јасен принцип – транспарентност во секој чекор. Секој граѓанин има право да знае како се носат одлуките и каде се трошат јавните пари,“ додаде Ливриниќ.