Едниот неодамна се оженил, другиот планирал свадба: Овие информации за загинатите браќа тераат на солзи – Хрватска завиена во црно

Точка

06/10/2025

17:04

1.327

Големина на фонт

а а а

Тројца хрватски планинари кои исчезнале под врвот Тошац во Словенечките Алпи се пронајдени мртви.

Со ова, трагичната приказна заврши, а во меѓувреме се откриени нови информации за браќата од Каштела.

Во експедицијата биле вкупно седум планинари, од кои четворица останале во планинарскиот дом поради лошото време и не го продолжиле искачувањето тоа утро. Временските услови во Јулиските Алпи сè уште се многу неповолни, со голема опасност од лавини.

Како што пишува „Слободна Далмација“, еден од преживеаните е 40-годишен келнер, кој контактирал со семејството и потврдил дека е жив.


Загинати браќа

Хрватските и словенечките спасувачки служби ги пронашле телата на тројцата настрадани.

Идентификацијата на жртвите покажала дека едниот од нив е од Свети Кајо во Солин, додека браќата се од Каштел Лукшиќ, на возраст од околу 32 и 26 години. Едниот од браќата неодамна се оженил, додека другиот планирал свадба.

Семејството од Каштел моментално патува во Словенија, каде што ги загубиле двајцата од своите три сина.

Оваа трагедија предизвика голема тага во Хрватска но и ширум Балканот.

Пронајдени под снегот

Телата биле пронајдени на надморска височина од 1.830 метри. Телото на првото од двајцата по кои се трагало утрово веќе е транспортирано во долината, а за второто се чека превоз со хеликоптер. Тие биле на околу 180 метри оддалеченост еден од друг, изјави Миха Арч, началник на планинската спасувачка служба во Бохињ.


Во недела, Боштјан Репинц од полициската управа во Крањ потврди за Хина дека планинари од Сплит и околината загинале. Дежурните во Водниковиот дом рекле дека планинарите кои дошле во домот во саботата се претставиле како луѓе од Сплит и дека во неделата биле предупредени за доаѓањето на студен бран и влошување на временските услови.

Во саботата, хрватските планинари дошле од Покљука до Водников дом на 1.817 метри надморска височина, а потоа до домот Планик (2.408 м), па преку јужната карпа на Триглав се искачиле до највисокиот врв на словенечките Јулиски Алпи, висок 2.864 метри.


„Од врвот на Триглав се спуштиле назад до Водников дом, од каде што тројца од седумте планинари денес одлучиле да се искачат до Тосц“, рече Репинц од полициската управа во Крањ.

Другите членови на групата, кои останале во домот, се спуштиле на висорамнината Покљука и се безбедни. Меѓу нив е и 40-годишен планинар од Свети Кајо, кој како што рековме го известил семејството дека е жив.