Три автомобили опожарени во Скопје за три часа

Макфакс

20/09/2026

16:10

296

Големина на фонт

а а а

Во Скопје за три часа беа опожарени три патнички возила на две различни локации, но нема повредени лица. Пожарите беа изгаснати од Бригадата за противпожарна заштита, а од МВР се преземаат мерки за расчистување на случаите.

На 20.09.2026 во 03:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје било опожарено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на З.И. (54) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Денеска (20.09.2026) во 06:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Финска“ во Скопје било опожарено патничко возило „шевролет каптива“ со кумановски регистарски ознаки, во сопственост на Д.Н.(40) од Куманово, а огнот зафатил и патничко возило „фолксваген голф 4“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот. Oд МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.