Македонски државјанин загина во сообраќајка во Италија

Макфакс

20/09/2026

22:10

189

Големина на фонт

а а а

Млад македонски државјанин трагично загина во сообраќајна несреќа во Италија додека управувал автомобил „фолксваген голф“. Несреќата се случила на државниот пат 16 'Адријатика' во близина на Ортона.

Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила на државниот пат 16 „Адријатика“ во близина на Ортона, јавуваат италијанските медиуми.

Стефан Ѓероски, 31-годишен маж роден во Македонија кој живее во Ортона, го загуби животот додека управувал со „фолксваген голф“ откако излетал од траекторијата и силно се удрил во потпорен ѕид.

Возачот, според извештаите, загинал на лице место.