Руни ги издвои петте најдобри дефанзивци со кои се соочил во ЛШ

Дерби

04/10/2025

17:22

298

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни имаше одлична кариера пред се на клупски план каде ги освои сите можни титули меѓу кои и онаа најпрестижната во Лигата на шампионите.

Руни долго време играше на највисоко ниво, најголемата сцена и тоа во Манчестер Јунајтед и имаше можност да води многу битки со противничките дефанзивци. Со дел од нив имаше поголеми успеси и подобро се снаоѓаше, дел од нив му правеа проблеми за да го извлече и даде најдоброто од себе, па Вејн направи една топ листа на најквалитетните стопери во елитното натпреварување.

Тој за ривалите со кои се соочил во ЛШ смета дека биле поопасни и попаметни од оние од Премиер лигата.

На петтото место го стави Алесандро Неста, четврти е Рикардо Карвалјо, третата позиција е за легендарниот Паоло Малдини, на второто место го стави Жерард Пике за кого смета дека не ја добива почитта и респектот што го заслужува, додека на врвот е Џон Тери.