Доколку размислувате за есенски одмор, постои еден европски град којшто нуди нешто целосно поразлично, комбинација на одржлив живот, богата култура и единствени искуства.
Станува збор за Гетеборг, шведски град којшто неодамна бил прогласен за домаќин на „Центарот за одржлив стил на живот“.
Тоа признание го поставува на врвот од дестинациите кои ја обликуваат иднината на туризмот, а истовремено го прави совршен избор за оние кои сакаат одмор со мирна совест.
Патување и превоз без стрес
Гетеборг е град во којшто автомобилот не ви е потребен. Повеќе од 95 отсто од јавниот превоз се движи на обновливи извори на енергија, а со една возна карта може да се возите со трамвај, автобус и бродови. Градот е компактен и рамен, па посетителите со задоволство го истражуваат и со велосипед, што го прави еден од најпристапните и најзелени урбани простори во Европа.
Острови без автомобили – тишина и природа
На само половина час со траект од центарот на градот се наоѓа јужниот архипелаг, група острови на кои автомобилите не се дозволени.
Посетителите налето можат да шетаат по патеките на крајбрежјето, да скокаат од карпи или едноставно да уживаат во тишината која ја прекинуваат само брановите.
Храна која освојува – и непцата и планетата
Гетеборг е горд гастрономски центар на Шведска. Градот нуди многу работи – од свежи морски плодови до престижни ресторани со Мишелинови ѕвезди. Локалните готвачи нагласуваат сезонски и локални намирници, па секој оброк е вистинска магија.
Скандинавски ритуал: Сауна покрај море
Едно од автентичните искуства кое не треба да го пропуштите е комбинацијата на капење во ладното море и загревање во сауна.
Во Гетеборг може да се најдат модерни градски сауни направени од рециклирачки материјали како традиционални дрвени сауни на островите.
Овој ритуал го подмладува телото, а дава и душевен мир.