Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, би можел да најде поддршка од повеќе земји во обидот да ја задржи блокадата за членството на Украина во Европската унија, пишува „Политико“.
Иако формално дел од европските лидери остро се спротивставуваат на Орбан поради неговата близина со Москва и антагонизмот кон Киев, други гледаат во ова можност да го одбранат своето право на вето во процесот на проширување на Унијата.
Како што наведува „Политико“, Бугарија сака да го задржи правото да го блокира членството на Северна Македонија, а слични позиции имаат и други земји – Грција кон Турција, а Хрватска кон Србија.
„Очигледно Унгарците ги блокираат Украинците. Но, тоа не е сè. Бугарите сакаат да можат да ги блокираат Македонците, Хрватите сакаат да ги контролираат Србите, Грција и Кипар не сакаат Турција да се приближи кон ЕУ, а Грција сака да има око и врз Албанија,“ изјавил европски дипломат за „Политико“.