[ВИДЕО] Од неговиот потег можат многу да научат нашите политичари: Чешкиот претседател летал со „Ryanair“, картата ја платил од свој џеб

Точка

01/10/2025

16:52

369

Големина на фонт

а а а

Патниците на нискобуџетниот лет на „Ryanair“ од Лондон останале изненадени оваа недела кога во авионот, без никакви посебни привилегии, се качил и чешкиот претседател Петр Павел.

Снимката од Петр Павел како се качува по скалите на авионот брзо се прошири на социјалните мрежи, привлекувајќи внимание поради необичната ситуација, пренесува „Expats.cz“.

На видеото се гледа претседателот како им се приклучува на останатите патници без никаква предност, додека зад него стојат двајца мажи во одела (веројатно телохранители).


Според чешкиот дневен весник „Blesk“, Павел престојувал во Обединетото Кралство на кратко приватно патување, при што самиот ги покрил сите трошоци. Официјални извори потврдиле дека патувањето не било поврзано со неговите службени обврски.

Павел изминативе денови имал густ распоред. Минатата недела учествуваше на високопрофилни меѓународни настани во САД, вклучувајќи обраќање на Генералното собрание на ОН и присуство на седницата на Советот за безбедност.


Исто така, присуствуваше на отворањето на чешката изложба на UNICEF во Њујорк и одржа говор на Универзитетот Харвард.

Иако претседателот сè уште не се огласил јавно за видеото, истото и понатаму се споделува масовно како пример за светски лидер кој патува на еден несекојдневен начин.