Талибанците го исклучија интернетот – авионите приземјени, банките блокирани, болниците едвај функционираат

Макфакс

01/10/2025

13:25

205

Големина на фонт

а а а

Животот во Авганистан е речиси парализиран откако талибанската власт го исклучи интернетот на национално ниво. На аеродромот во Кабул владее хаос – авионите не летаат, летовите се откажуваат, а семејства залудно чекаат свои блиски.

Банките се отворени, но не исплаќаат пари бидејќи системите не работат, што е тежок удар за граѓаните кои зависат од дознаки од странство. Болниците, полицијата и итната помош се соочуваат со сериозни проблеми.

Властите тврдат дека станува збор за „замена на стари оптички кабли“, но граѓаните и меѓународната заедница стравуваат дека се воведува широка цензура и дополнителни ограничувања за правата на жените и девојчињата. „Амнести интернешнал“ предупреди дека оваа мерка има катастрофални последици за здравството, образованието и испораката на хуманитарна помош.