Тјунерската куќа „Mansory“ претстави уште една модифицирана верзија на „Lamborghini Revuelto“, а овој примерок е испорачан на возачот од Формула 1 – Естебан Окон.
Неговиот plug-in хибриден систем се состои од 6,5-литарски V12 бензинец и три електромотори, кои во фабричко издание располагаат со комбинирани 1.015 коњски сили, додека во верзијата на „Mansory“ моќноста е зголемена на 1.070 коњски сили.
Најголемата брзина изнесува 354 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h трае само 2,4 секунди.
Во пакетот од јаглеродни влакна се вклучени нов преден спојлер, хауба, отвори за воздух, сет странични прагови, заден спојлер и заден дифузер.
Покрај тоа, автомобилот доби и комплет нови тркала со димензии од 20 и 21 инч, како и модифицирана внатрешност – со црвена кожа, јаглеродни влакна и црвени сигурносни појаси.
Цената во кратката вест не е наведена, пренесува „AutoBlog“.