Половина година „лежел“ на милиони, а не ни знаел! Германец случајно сфатил дека освоил премија – „Се прашував колку треба да си глупав...“

Точка

30/09/2025

16:50

803

Големина на фонт

а а а

Маж од Франкфурт освоил 15,3 милиони евра на лотарија, но тоа го открил дури по шест месеци, кога заборавениот тикет го пронашол во џебот од капутот, соопшти компанијата „Лото Хесен“.

Германецот не знаел за својата добивка цела пролет и лето, и покрај кампањата за пронаоѓање на добитникот, која вклучувала плакати со повик до добитникот да се јави, пренесува „Гардијан“.

Слушнал дека го бараат добитникот, но не знаел дека тоа е токму тој

Мажот изјавил дека дури слушнал за кампањата за пронаоѓање на среќниот добитник, но не се посомневал дека тоа можеби е тој.


„Слушнав за тоа на радио тогаш и помислив – колку треба да си глупав што не ја подигнуваш премијата? Никогаш не ми падна напамет дека можеби јас сум лицето што го бараат“, изјавил тој.

Добитното ливче го открил кога во Германија заладило времето и кога го облекол капутот што не го носел од март.

„Кога ги проверив бројките на телефонот и го видов износот на добивката, бев целосно шокиран, среќа што седев, инаку ќе ми попуштеа колената“, изјавил среќниот добитник.