Песков: Украина продолжува со милитаристичка политика наместо дијалог

Макфакс

30/09/2025

13:34

111

Големина на фонт

а а а

Украина продолжува со својата милитаристичка политика наместо дијалог, изјави денес Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

„Гледаме дека тие (Украина) продолжуваат со овој милитаристички став, наместо да размислуваат како да се вклучат во дијалог со цел заеднички да бараат безбедносни гаранции за време и во рамките на дијалогот“, изјави Песков пред новинарите, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека Кремљ слуша „различни гласови од европските престолнини“ и затоа продолжува да ја следи ситуацијата.

Одговарајќи на прашање за изјавите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во врска со создавањето „ѕид од беспилотни летала“ во Европа, Песков рече дека историјата покажува дека градењето ѕидови е секогаш лоша работа.

„Многу е тажно што оваа милитаристичка конфронтациска политика на Украина сега потенцијално би можела да почне да се материјализира во создавање нови ѕидови на поделба“, истакна тој.