Носителката на советничката листа на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија за Куманово и актуелен претседавач на кумановскиот совет – Ивана Ѓорѓиевска денеска пред медиумите ги претстави приоритетите за идниот мандат од програмата што Движењето ЗНАМ – за наша Македонија за заштита, солидарност, еднаквост и социјална инклузија.
„Куманово отсекогаш било град на различности, град каде што луѓето се почитуваат, поддржуваат и градат заедничка иднина. Визијата на ЗНАМ беше и е токму таква – општина – промотор на солидарност, еднаквост и социјална инклузија“, рече во своето обрааќање Ѓорѓиевска, потенцирајќи дека низ серија средби како денешната со невладините Инклузива и Центар за жртви за семејно насилство, се градат решенијата што ќе бидат приоритет во оваа област и се потврдуваат засложбите за инклузивна општина.
„Ние се залагаме за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, како и за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Заедно со градоначалникот Максим Димитриевски работиме на инклузија за сите лица и даваме финансиска поддршка на здруженија од овој тип. Општината спроведе и спроведува низа локални активности и мерки за подобрување на општата состојба на граѓаните и тоа: Бесплатен јавен превоз за сите граѓани на сите линии, народна кујна, субвенционирање на трошоци за комунални услуги, обезбедување на помош за домување на станбено необезбедени лица, еднократна финансиска помош за социјално најзагрозените, обезбедување на социјални услуги преку програмата “општинско корисна работа“, социјална инклузија на децата – Роми во детските градинки, набавка на специјално возило за лица со попреченост“, нагласи носителката на советничката листа од Движењето ЗНАМ.
Инклузивноста, вели таа, е срцевината на едно праведно и хумано општество.
„За таа цел во програмата се предвидени повеќе мерки, заложби и проекти: Создавање услови за целодневен престој за учениците со посебни потреби во училиштата. Нова спортска сала приспособена за лицата со попреченост. Инклузивен концепт – пристапни веб-страници, културни и спортски содржини, јавни простори и услуги без бариери. Пристапни рампи и пристапни санитарни јазли во сите училишта. Адаптирани тротоари за непречено движење на лицата со попреченост. Звучни семафори на клучни локации во централното градско подрачје. Тактилни патеки за лицата со оштетен вид кон институциите и кон јавните објекти и сл.
Целта на ЗНАМ како што рече е јасна: никој да не биде изоставен.
Уверена сум, рече Ѓорѓиевска, дека заедно можеме да го изградиме Куманово кое ќе биде пример за еднаквост и инклузија.