Полицијата во Шарлот, Северна Каролина, истражува смрт на патник чие тело беше пронајдено во недела наутро во подвозјето на авион на „Американ ерлајнс“.
Авионот штотуку пристигнал од Европа и бил на одржување кога било откриено телото, според Си-ен-ен.
Според соопштението од полицијата Шарлот-Мекленбург, лицето, чиј идентитет и потекло сè уште не се познати, е прогласено за мртво на местото на настанот.
Портпарол на „Американ ерлајнс“ потврди за WSOC, подружницата на Си-ен-ен, дека авиокомпанијата соработува со полицијата. Меѓународниот аеродром Шарлот Даглас изјави дека е запознаен со „трагичното откритие“.
„Длабоко сме тажни од оваа вест и ќе ја поддржиме истрагата на Полициската управа Шарлот-Мекленбург (CMPD) доколку е соодветно“, се вели во соопштението, додавајќи дека операциите на аеродромот продолжуваат нормално.