[ВИДЕО] Андоновска: Криминалците се шетаат слободни, судиите со два проценти доверба ја оправдуваат својата послушност кон СДС и ДУИ а народот останува без правда

Макфакс

29/09/2025

13:51

152

Големина на фонт

а а а

За горење на 14 живи луѓе – 1,5 година, за кубење коса – 4 години затвор, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДС, кажа на прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Судството под команда на СДС и ДУИ, како што истакна, даде вкупно 3 години затвор, за 14 живи изгорени луѓе во модуларната во Тетово.

„По 1,5 година за двајца директори на Тетовската болница, а Венко Филипче не беше повикан ниту на информативен разговор.

За губење на човечки животи казни како за прекршок, а за кубење коса се добива и до 4 години затвор. Апсурд кој постои само во судството под диктат на СДС и ДУИ“.

Според неа, судиите со 2% доверба ја оправдуваат својата послушност кон СДС и ДУИ, а криминалците се шетаат слободни. Народот останува без правда.

Во нормална држава, Филипче одамна ќе беше зад решетки. Кај нас, тој сега води партија и ветува подобар живот за сите, а претходно за жал, 14 животи скрати, поради 20% анекс на договор.

Ова е судството на СДС. Одгворност за нивни членови, нема. Време е за вистински реформи и одговорност“, порача Андоновска.