[ВИДЕО] Струмичани се уморни од локални шерифи и прочитани лица, вели Манасиевски

Макфакс

29/09/2025

13:31

128

Големина на фонт

а а а

Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас.

Ова е вистинското лице на СДС, насилство, тепање и силеџиство. Со години ја цедеа и уништуваа Струмица и сакаат да продолжат да владеат со неа преку ширење на страв, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо чесни луѓе, додава тој, тие ставаат на листи осомничени, локални шерифи и силеџии.

„Тоа е нивниот бренд. Тоа е нивната политика.

Да им биде јасно на СДС, Струмица не е нивна приватна сопственост. Струмичани се уморни од локални шерифи и прочитани лица. Струмичани сакаат вистински промени“.