Коалицијата „Искуство за успех“ ги претстави своите кандидати за претстојните локални избори

Макфакс

28/09/2025

13:01

160

Големина на фонт

а а а

Вчера во салата во хотелот „Александар Палас“ во Скопје коалицијата „Искуство за успех“ ги претстави своите кандидати за градоначалници и советници за претстојните локални избори.

Со желби за успех и добар исход на изборите, поздравни говори одржаа претседателите на партиите членки на коалицијата „Искуство за успех“ – ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР.

„Македонија и нејзините градови, села, општини можат да бидат пристојни места полни со живот. Имаме луѓе, имаме решенија, имаме знаење. А кога луѓето кои имаат искуство, знаење, капацитети и тим ќе седнат да работат, тогаш се носат вистински одлуки и се испорачуваат видливи резултати кои се потребни за граѓаните“, истакна во своето обраќање претседателката на ЛДП, Моника Зајкова

Од коалицијата велат дека нема повеќе зборови во ветар, изневерени очекувања, расправии, суети и инаетење – само резултати и помалку изговори.

Коалицијата „Искуство за успех“ на претстојните локални избори ќе настапи со 10 кандидати за градоначалници и 36 советнички листи, меѓу кои и носителот на советничката листа за Град Скопје, Ристо Пенов и вториот на листата, веднаш под него, докторот Никола Пановски. Кандидат за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“ е Александар Трајановски, советник и поранешен заменик-градоначалник на главниот град.