ИРЛ сторија: Скандалозни тајни од Кочани! Необјавени снимки и документи разоткриваат корупција и пропусти во трагедијата

Точка

28/09/2025

12:37

2.051

Големина на фонт

а а а

Преку ексклузивни, досега необјавени снимки и документи од истрагата, истражување na ИРЛ ја расветлува мрачната ноќ на трагедијата во Кочани, каде млади животи беа изгубени или засекогаш променети.

Ова не е само приказна за болка и загуба – таа разоткрива како институциите, инспекторите, обвинителите и политичарите, кои требаше да нè заштитат, потфрлија во својата должност, велат од ИРЛ.

Знаеме што ќе кажат: „Вие се мешате во избори.“ Ние велиме: „Да, тоа ни е работа. Ова не е политика. Ова е новинарство.“ А новинарството никогаш не смее да чека „подобро време“. Објавувањето на ваквите стории во светло на изборите е единствената можност да се осигураме дека за време на кампањата реалноста на обичните луѓе и нивните проблеми ќе има шанси да влезе во јавната дебата, пишува во описот на видеото на YouTube.

Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината пред да го дадат својот глас. Кампања без храбро новинарство не е вистинска можност за избор, туку само скап спектакл на празни ветувања и лажен имиџ. Без колективна саморефлексија, македонското општество не може да се движи напред.

Сторијата на ИРЛ можете да ја погледнете во продолжение: