Црна прогноза за германските работници: Експерт најави загуба на 100.000 работни места

Точка

28/09/2025

14:11

632

Големина на фонт

а а а

По објавата за укинување на 13.000 работни места во компанијата „Bosch“, автомобилскиот експерт Фердинанд Дуденхефер очекува дополнителни 100.000 загуби на работни места кај добавувачите во автомобилската индустрија.

„По производителите на автомобили, на ред доаѓаат големите добавувачи. Индустријата се соочува со загуба на работни места која ќе се одвива како домино ефект “, изјави тој за германските медиуми.


Компаниите кои ќе бидат најмногу погодени

Според Дуденхефер, најголем удар ќе претрпат средните и малите добавувачи, како и инженерските компании.

„Очекуваме губење на околу 100.000 работни места во секторот на добавувачите до 2030 година. Стечаи меѓу малите и средните добавувачи не можат да се исклучат“, нагласи тој.

Шансите укинатите работни места да се вратат во Германија, според него, се рамни на нула.


Германија станува неконкурентна

„Германија е прескапа, неконкурентна. Го потрошивме својот просперитет“, е горката проценка на Дуденхефер.

Неговите пресметки покажуваат дека во 2019 година кај производителите и добавувачите на автомобили во Германија биле вработени 834.000 луѓе.

Шест години подоцна, во август 2025 година, индустријата броела само 720.000 вработени. За нешто помалку од шест години, тоа претставува загуба од 114.000 работни места – пад од 14 проценти.