Кралицата Мери од Данска воодушевила со својот драматичен фустан и беспрекорен стајлинг.
Мери од Данска уште еднаш потврдила зошто се смета за една од најдобро облечените европски кралици кога присуствувала на манифестацијата „Вечер на истражувања“ во Националниот музеј во Копенхаген.
Данската кралица на овој настан се појавила во елегантен фустан со впечатлива сина боја.
Креацијата која ја облекла е од модната куќа „Carla Zampatti“ и е изработена од прекрасен материјал.
Фустанот е без ракави и има полукружен изрез, а комплетниот крој се протега до над глуждовите.
Она што на овој фустан му дава ефектност е вертикално истакнатиот набран материјал којшто се спушта од рамениците до колената.
Овој детаљ дава волумен на целата комбинација и доза на елеганција на едно друго ниво.
Кралицата Мери одлучила фустанот да го искомбинира со салонки на висока потпетица како и со чанта во иста нијанса на боја.
Висечките обетки и масивниот златен прстен дополнително го нагласиле овој монохроматски изглед.
Ви се допаѓа ли овој стајлинг?