[ВИДЕО] Голманот на Штутгарт испрати атрактивна асистенција за гол: Тоа беше планирано

Дерби

26/09/2025

14:18

386

Големина на фонт

а а а

Штутгарт вчера ја победи Селта со 2:1 во еден од поинтересните натпревари од првата рунда во новата сезона на Лига Европа, а еден од најзаслужните за триумфот беше голманот Александер Нибел.

Германскиот голман ја најави победата на неговиот тим со идеална асистенција за првиот гол, кој беше дело на Буанани и целата акција во два потега заработи многу комплименти од фудбалските фанови.

Нибел идеално го проигра соиграчот на противничката половина, а по мечот открил дека потегот бил планиран.

– Планиравме таков потег.

– Знаевме дека нивните дефанзивци се моќни во воздушните дуели, но и дека не се толку брзи.

– Затоа решив да уфрлам една топка зад нивната последна линија, а Буанани реагираше одлично, – рекол Нибел.