ПСЖ загуби уште еден важен играч пред дербито со Барселона

Дерби

26/09/2025

14:17

599

Големина на фонт

а а а

Актуелниот француски и европски шампион ПСЖ, се подготвува за утрешниот дуел со Оксер, но очекувано во стручниот штаб веќе размислуваат и за дербито со Барселона во Лигата на шампионите.

Тренерот Луис Енрике веќе има сериозни проблеми со повредите на дел од важните играчи, а на списокот фудбалери кои нема да бидат во комбинација наредниот период сега се најде и Маркињос.

Бразилецот заработил мускулна повреда на левата нога и започнува со рехабилитација, која ќе трае неколку недели, објави ПСЖ во своето официјално соопштение.

Маркињос ќе ги пропушти дуелите со Оксер и Барселона, a веројатно и незгодното гостување кај Лил, последен натпревар пред паузата поради настапот на репрезентациите во октомври.

Покрај на Маркињос, Луис Енрике не може да смета ниту на Дембеле, Дуе и Невеш.