Уапсени три лица од Кочани на наплатната рампа Миладиновци: Пронајдена дрога во возилото

Макфакс

23/09/2025

20:50

205

Големина на фонт

а а а

Денеска(23.09.2025) околу 15.40 часот на наплатна рампа Миладиновци полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С., Н.З. и М.А. сите од Кочани кои биле во патничко возило “поло” со кочански регистарски ознаки.

Кај нив била пронајдена и одземена кафена прашката материја.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.