Три куќи зафатени со пожар во Козле

Макфакс

23/09/2025

13:53

104

Големина на фонт

а а а

Синоќа во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека нема повредени лица.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе биде извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.