Русија обвинува: НАТО со трупи во Романија, цел е Молдавија

Макфакс

23/09/2025

12:15

287

Големина на фонт

а а а

Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) тврди дека НАТО концентрира воени единици во Романија, во близина на границата со Молдавија, и дека постои план за „искрцување“ и во украинската Одеската област. Според соопштението, целта е „окупација на Молдавија“ и притисок врз регионот Приднестровје.

Разузнавањето наведува дека први војници од Франција и Велика Британија веќе пристигнале, а Европската унија наводно е „одлучна да ја задржи Молдавија во рамките на својата политика, по секоја цена“.

Инаку, во недела во Молдавија ќе се одржат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе избираат меѓу европскиот пат и поблиски врски со Москва.

Приднестровје е сепаратистички регион што се одвои од Молдавија во 1992 година со поддршка од Москва и функционира како де факто независна држава со своја власт, армија и валута.