[ВИДЕО] Трамп се потсмеваше на воената моќ на Венецуела: Фативме обука на милицијата, многу сериозна закана

Макфакс

23/09/2025

10:41

270

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп се потсмеваше на воената моќ на Венецуела во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Тој сподели видео од жени како несмасно трчаат со оружје. „Строга тајна: Фативме венецуелска милиција на обука. Многу сериозна закана“, напиша саркастично американскиот претседател.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро минатата недела потврди дека започнала цивилна обука за употреба на оружје во случај на напад од САД. „Со мотото „Касарните одат кај народот“, војниците ги спроведоа своите први обуки во различни делови од земјата“, рече Мадуро.

Тој ги повика венецуелските земјоделци да бидат подготвени и, доколку е потребно, масовно да се вооружат. „Венецуелскиот народ ѝ кажува на империјата: Престанете со заканите“, им рече Мадуро на земјоделците на митингот.

Трамп ѝ се закани на венецуелската влада во саботата. „Сакаме Венецуела веднаш да ги прифати сите затвореници и луѓе од ментални институции, вклучувајќи ги и најлошите азили во светот, што венецуелското „раководство“ ги испрати во Соединетите Американски Држави“, напиша тој.