Полуостровот Атос во Грција рано утрово погоден од четири земјотреси

Макфакс

22/09/2025

08:47

606

Големина на фонт

а а а

Полуостровот Атос во Грција рано утрово беше погоден од четири земјотреси, од кои најсилниот беше 5,0 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC)

Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од пет километри, околу 10 километри јужно од манастирот Хиландар.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами.

Според изјавите на очевидци од веб-страницата на EMSC, земјотресот бил силно почувствуван во Неа Рода, на островот Амуљани и во Сарти.