Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во саботата ја повика Европската унија да го следи примерот на Доналд Трамп и за терористичка организација да го прогласи екстремното левичарско движење Антифа, коешто мејнстрим медиумите наклонети на етаблираните политички елити ја претставуваат како антифашистичко.
„Унгарија е убедена дека по толку важно прашање, Европа мора да ги координира своите активности со оние на Соединетите Американски Држави“, објави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на X.
Сијарто посочува дека последните години поединци и групи поврзани со Антифа извршиле бројни терористички напади во ЕУ, вклучувајќи ги Германија, Франција и Италија.
„Таа насилна мрежа на екстремната левица изврши брутални напади низ Европа, вклучително и Будимпешта“, наведе шефот на унгарската дипломатија.
„На наше големо жалење, осомничените потоа ја избегнаа правдата наоѓајќи засолниште во земјите-членки на ЕУ, кои одбија да ги екстрадираат во Унгарија“, напиша Сијарто во писмо до шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.
Посочува и дека Антифа претставува сериозна закана за безбедноста на граѓаните на ЕУ.
Амероланскиот претседател Доналд Трамп во средата го прогласи движењето Антифа за терористичка организација која е финансирана од големите донатори на Демократската партија, во прв ред на берзанскиот шпекулант Џорџ Сорос, една седмица по атентатот врз ултраконзервативниот активист Чарли Кирк, за што е осомничен според трагите 22-годишен приврзаник на екстремните левичарски идеи.
По појавата во Соединетите држави веднша по првата изборна победа на Доналд Трамп во 2016 година, Антифа ја претствуваат повеќе како движење отколку организирана група. Во јавноста не се посочува лидер или формална структура, туку се тврди дека станува збор за неформални групи кои дејствуваат независно, објаснува американскиот историчар Марк Бреј, автор на прирачник на оваа тема но кој не ги објаснува прецизно нејзините добро организирани настапи и стратегии за судири со претствниците на службите за одржување на редот.