Муратоглу: Ниту Ѓоковиќ не верува дека е најдобар играч на сите времиња

Дерби

20/09/2025

13:12

156

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ веќе некое време не е највисоко ниво и не успева да дојде до пехарите на најважната сцена, грен слем турнирите.

Србинот се обидува, меѓутоа повеќе ја нема моќта, ги нема резултатите, па со оглед на годините често се поставува прашањето за негово заминување во пензија.

Патрик Муратоглу е еден од најценетите стручњаци во светот на тенисот, човек кој со големо внимание ги прати сите настани, актуелности, случувања, па во однос на ситуацијата со Ѓоковиќ неговиот став е следен:

-Новак е сигурно најдобриот тенисер на сите времиња, но се чини дека повеќе не верува во тоа. Начинот на кој се изразува ми сугерира на тоа. Кога ќе ги слушнете неговите зборови по поразот од Карлос Алкараз во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, тој во основа вели: „Не знам како да победам“. И ако не верува во нешто, тоа нема да се случи, -вели Патрик и посочи што би променил да е на негово место.

-Прво, би се осигурал дека е уверен во својата способност да ги победи, бидејќи верувам во тоа. Прашање е на мотивација, -заклучува Патрик.