Тони: Влаховиќ има една „грешка“…

Дерби

20/09/2025

13:44

274

Големина на фонт

а а а

Душан Влаховиќ има одличен старт на натпреварувачката 2025/2026 во дресот на Јувентус со 4 гола и 1 асистенција на 4 натпревари.

Тој е најдобриот играч на Јуве во овој период што дефинитивно е навистина чудна ситуација затоа што „бјанконерите“ сакаа да се ослободат од него во летниот преоден рок. Имаше различни комбинации, но Душан на крајот остана и сега е лидер на напаѓачката линија што сигурно не беше во планот на „бјанконерите“ кои летово ги доведоа Дејвид и Опенда.

-Не сум изненаден, -истакна Лука Тони за формата на Србинот.

-Мислам дека единствената „вина“ што можете да ја кажете за него е дека заработува премногу пари, но тоа не е негова вина. Ако му го дале тој договор, тоа значи дека Јувентус мислел дека вреди толку пари во тоа време.

-Мислам дека Влаховиќ сега има помалку притисок бидејќи секогаш не е стартер, а доведоа и нови напаѓачи. Но, искрено, за мене тој е единствениот чист напаѓач што го имаат, вистински убиец во шеснаесетникот. Јасно е дека мора да се подобри надвор од шеснаесетникот, но според мене, малкумина се како него во шеснаесетникот. Среќен сум што добро започна и навистина ми се допаѓа неговиот начин на кој пристапува кон интервјуата и слични работи, со многу скромност. Тој е лесно достапен за тимот, а за Тудор, мислам дека тоа е навистина голема работа, -додава Тони за „Тутоспорт“.