Холивудскиот миленик се ожени? Светот зборува за тајната венчавка со Александра – ова се деталите од интимната прослава

Точка

19/09/2025

11:13

723

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Кијану Ривс наводно тајно се оженил со уметницата Александра Грант ова лето во Европа. Интимна церемонија, дискретна романса и љубовна приказна која донесе мир по трагедиите во животот на актерот.

Холивудската ѕвезда Кијану Ривс (61) наводно стапила во брак со својата долгогодишна партнерка, уметницата Александра Грант (52). Според информациите на RadarOnline.com, парот разменил завети на интимна и дискретна церемонија во Европа, претходно ова лето.

Љубовна приказна која трае со години

Ривс и Грант се запознале во 2009 година на една забава, а набргу потоа започнале и професионална соработка. Нивниот прв заеднички проект била книгата „Ode to Happiness“, а во 2019 година првпат јавно ја потврдија својата романса. Оттогаш важат за еден од најдискретните парови во Холивуд, далеку од светлата на рефлекторите.


„Венчавката се одржа во Европа, многу интимна и дискретна“, изјавил еден инсајдер. „Разговараа за тоа со години, но сакаа сè да остане само нивно. И двајцата многу ја ценат приватноста, па тајната церемонија целосно одговараше на нивниот карактер“.

Александра како потпора по трагедиите

Според пријателите, Александра Грант му станала вистинска животна потпора на познатиот актер. Ривс со години се носел со товарот од личните трагедии – во 1999 година, неговата тогашна партнерка Џенифер Сајм родила мртвородена ќерка, Ава. Само две години подоцна, таа загинала во сообраќајна несреќа, на само 28 години.

„Тагата и загубата никогаш не исчезнуваат. Тие остануваат дел од вас“, изјавил актерот во едно од ретките интервјуа на таа тема.


Затоа, блиски извори тврдат дека токму Александра му донела внатрешен мир и стабилност:

„Сите забележуваат колку е Кијану посмирен и повесел покрај неа. Многу повеќе се смее, изгледа порелаксирано – таа му е вистинска потпора“, вели еден извор.

Дискретен брак, голема прослава на повидок

Иако венчавката ја одржале во тајност, блиски извори на парот откриваат дека можно е да организираат и поголема прослава.

„Би сакале подоцна да приредат забава со семејството и пријателите, затоа што сакаат да ја споделат својата среќа“, тврди инсајдерот.

Александра, позната визуелна уметница и писателка, повеќепати истакнала дека нема амбиции да брка слава. Токму таа скромност и приземност, тврдат извори, дополнително го освоиле Кијану.


„Таа го охрабри и да заплови во театарските води, што за него беше голема пресвртница“, додава изворот.

Јавна потврда на љубовта

Дека нивната врска е посилна од кога било, Александра покажа и овој месец, кога јавно му го честиташе роденденот.

Покрај фотографија од роденденска торта со неговото име, напиша: „Кијану, бескрајно сум благодарна за твојата љубов и партнерство“.

Додека обајцата уживаат во својот „меден месец“, како што велат нивните пријатели, сите се согласуваат дека нивната љубов сега е уште посилна, а парот зрачи со заедничка среќа.