Славната тенисерка конечно ќе застане на „лудиот камен“. Венчавката ќе се одржи на италијански остров

Точка

18/09/2025

19:06

444

Големина на фонт

а а а

Свадбената церемонија ќе се одржи на островот Искија во Неаполскиот Залив.

Списокот на гости е сè уште тајна, но се претпоставува дека на прославата ќе присуствуваат познати личности од светот на спортот и забавата.


Венус Вилијамс, една од најдобрите тенисерки во историјата, ќе се омажи за Андреа Прети, актер кој е осум години помлад од неа. Списокот на гости сè уште се чува во тајност, иако неколку познати личности од светот на спортот и забавата веќе пристигнале на островот во изминатите неколку денови, како и сестрите со своите семејства и тимот за планирање на свадби. Менито ќе вклучува специјалитети од неаполската кујна.


Венус, некогашната прва тенисерка во светот има освоено 49 ВТА титули и седум гренд слем турнири.

Таа се вљубила во островот Искија минатата година за време на годишниот одмор, па решила токму таму да се венча со својот избраник. Венчавката ќе се одржи кај светилникот „Пунта Императоре“, од каде што се пружа поглед на целиот Неаполски Залив.


До ова место може да се стаса само пеш, по патека врежана во карпата која се состои од 155 скалила. По венчавањето, прославата ќе продолжи во ресторанот „Лизола“, кој минатата година го отвориле познатиот готвач Нино Ди Костанцо и пица-мајсторот Ивано Векја. За оваа пригода, ресторанот ќе ангажира обезбедување за да им обезбеди приватност на младенците и гостите.


Инаку, италијанскиот остров Искија е бисер на Тиренското Море, сместен во Неаполскиот Залив, северно од Амалфи. Уште од античко време е познат по својата чудотворна кал и минерали, бидејќи е од вулканско потекло. Исто така отровот има и богато историско и културно наследство.