Македонскиот ТВ водител Миро Кацаров и неговата сопруга Ивана, вчера одбележаа годишнината од својата венчавка.
Парот, кој се венча во 2023 година во Штип, и овојпат реши да го одбележи денот во свој стил – без посебни објави и присуство на јавноста. Интересно е што, и покрај тоа што Кацаров е дел од медиумскиот свет, ниту фановите, ниту колегите не упатија јавно честитки по повод нивната годишнина.
Но, и без „помпа“ на социјалните мрежи, поводот е повеќе од посебен – Миро и Ивана го очекуваат своето прво заедничко дете. Веста ја потврди Миро на социјалните мрежи, каде често објавува и фотографии од трудничкото стомаче на неговата сакана.
Ивана, која ретко се појавува во медиумите, со својата присутност и поддршка е еден од најважните луѓе во животот на Кацаров. Нивната љубовна приказна е пример дека и во време на филтрирани реалности, постои простор за искрена и тивка љубов.
Им посакуваме сè најубаво во новото поглавје што ги очекува.
Автор: Ц.Н.