[ФОТО] Марго Роби ги покори црвените килими ширум светот – погледнете зошто

Точка

19/09/2025

10:19

914

Големина на фонт

а а а

Марго Роби, само неколку месеци откако стана мајка, покажа дека и понатаму суверено владее со црвените килими.

Австралиската актерка одлучи своето враќање во јавноста да го одбележи со низа гламурозни и провокативни модни изданија.

35-годишната актерка моментално го промовира својот нов филм „A Big Bold Beautiful Journey“, па по тој повод се појави во Њујорк во винтиџ „Mugler“ фустан, составен од бел пуш-ап корсет и црн фустан со изрези.


Заблеска во фустан со отворен грб

Веќе следниот ден блесна во мини црн фустан и високи сандали во иста боја, додека на лондонската премиера носеше фустан во боја на кожа со потпис на „Armani“, прекриен со кристали и со целосно отворен грб.


Папараците ја уловија и при излегување од хотел во Њујорк, каде повторно ги привлече погледите во сиво одело. Посебно се истакнуваше сакото со необичен крој, под кое носела само црн градник.


Се коментираше и нејзиниот стајлинг во емисијата „Late Night with Seth Meyers“, каде гостуваше заедно со Колин Фарел. Нејзиниот необичен фустан привлече големо внимание и никако не остана незабележан.


Синот го крие од јавноста

Иако отворено покажува смелост на црвениот килим, кога станува збор за приватниот живот Роби останува воздржана. Таа сè уште не го откри името на синот кој го роди во октомври минатата година, во бракот со продуцентот Том Акерли.

„Родителството е тешко да се опише, но можам да кажам едно – тоа е најдоброто животно искуство“, изјавила накратко за „Entertainment Tonight“.


Новиот филм пристигнува во кината

Марго се врати и на филмската сцена – во филмот „A Big Bold Beautiful Journey“ игра заедно со Колин Фарел, а критичарите и публиката веќе го фалат трејлерот, нарекувајќи го „еден од највозбудливите проекти на годината“.

Филмот, во режија на Когонада, според сценарио на Сет Рајс, ја следи приказната на Сара (Марго Роби) и Дејвид (Колин Фарел), двајца самци кои се запознаваат на венчавка на заеднички пријател. По еден неочекуван пресврт, двојката тргнува во заедничка авантура каде што повторно ги проживуваат клучните моменти од своето минато – откривајќи како стигнале до местото каде што се сега и можеби добивајќи шанса да ја променат својата иднина.

Во филмот глумат и Кевин Клајн, Фиби Волер-Бриџ, Лили Рејб и Џоди Тарнер-Смит.