Не ги игнорирајте сигналите што ви ги испраќа срцето: Кардиолог открива 4 знаци дека ви се заканува инфаркт!

Точка

18/09/2025

20:53

696

Големина на фонт

а а а

Срцевите проблеми често започнуваат со суптилни симптоми кои повеќето луѓе ги игнорираат. Раната дијагноза може да ви го спаси животот. Д-р Срцевите проблеми често започнуваат со суптилни симптоми кои повеќето луѓе ги игнорираат. Раната дијагноза може да ви го спаси животот. Д-р Оливер Гутман, кардиолог во болницата „Велингтон“ во Лондон, предупредува на четири клучни знаци дека вашето срце бара помош.

1. Болка или притисок во градите

За разлика од холивудските сцени, болката во градите кај срцевите проблеми најчесто не е нагла ниту остра. Може да се јави како притисок, стегање или чувство на тежина – „како да ви е стегнат ремен околу градниот кош“. Болката може да се шири кон раката (особено левата), рамото, вилицата или грбот, а често наликува на стомачни тегоби. Ова може да укажува на ангина пекторис, состојба што го зголемува ризикот од срцев удар.


2. Краток здив

Задишаност при вообичаени активности – како качување по скали, одење низ домот или дури и при обување чевли – може да биде знак дека срцето не пумпа крв доволно ефикасно. Доколку се будите ноќе поради недостаток на воздух или ви е потребна дополнителна перница за да можете да спиете, време е за кардиолошки преглед.


3. Хроничен замор и слабост

Доколку се чувствувате исцрпено дури и по одмор, особено при извршување на основни активности како миење садови, чистење со правосмукалка или пазарење, тоа може да биде „срцев замор“, предупредува докторот за „Daily Mail“. Кај жените, необјаснив замор често е прв знак на срцеви проблеми – дури и кога нема болка во градите.


4. Неправилен ритам на срцето

Повремен забрзан ритам не секогаш е причина за паника, но честите палпитации, чувството дека срцето „прескокнува“ или „трепери“, како и вртоглавица и несвестица, можат да укажуваат на аритмии како што е фибрилацијата на артериите. Оваа состојба значително го зголемува ризикот од мозочен удар и срцева слабост.