Голем успех во лекување на далекувидост: Новите капки за очи можат да ги заменат очилата за читање

Точка

15/09/2025

16:39

392

Големина на фонт

а а а

Студија што неодамна била презентирана во Европското здружение за катаракта и рефрактивна хирургија (ESCRS) во Данска покажа дека специјалните капки за очи можат да го подобрат видот кај луѓето кои се далековиди.

Директорката на Центарот за напредни истражувања на пресбиопија во Буенос Аирес, Џована Беноци, изјави дека третманот со капки за очи е значајно алтернативно решение за пациентите кои сакаат да се ослободат од очилата.

„Сегашните решенија како што се очилата за читање или хируршките интервенции имаат свои ограничувања, вклучувајќи непријатност, социјална непријатност и потенцијални ризици или компликации“, рече таа.


Студијата наведува дека за време на истражувањето, 766 учесници користеле капки што содржат пилокарпин, кој ги стеснува зениците и на тој начин го олеснува фокусирањето, и диклофенак, антиинфламаторен лек, и тоа двапати дневно, обично по будење и околу шест часа подоцна, пренесе „Билд“.

Во групата што примала 1 процентен раствор од овие лекови, 148 пациенти потврдиле дека речиси сите биле во можност да прочитаат два или повеќе редови на табелата за вид, а во групата што примала раствор од 2%, од 248 пациенти, 69 проценти од нив биле во можност да прочитаат три или повеќе дополнителни редови.


Со 3 процентен пилокарпин, бројот на оние што можеле да прочитаат три или повеќе дополнителни редови бил дури 84% од 370 пациенти.

Третманот имал и несакани ефекти, како што се привремени нарушувања на видот, иритација на очите од капките и главоболки, но и покрај ова, резултатите од истражувањето, според експертите, укажуваат дека капките „нудат безбедна, ефикасна и добро толерирана алтернатива на конвенционалниот третман на пресбиопија“.